Морам прво да споменам за лепчето е домашно месено со пченично и
пченкарно брашно. Се сечат неколку тенки парчиња леб се премачкуваат
со путер и се потпекуваат.
Кромидот и лукчето се пржат со малку путер и се додава сосот од
патлиџани малку се пропржува и се става врз брускетите. Јајцето го
сечеме на тенки кришки и ставаме на секоја брускета.
Стекот е похован со јајце и презла се пржи и сече на тенки парчиња кои
ги ставаме на сосот. По желба врз секоја брускета се наросува оригано
или магданос. Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани