Брускети со пилешки стек
Состојки
- 1 тенко месено лепче со пченично и пченкарно брашно
- 2 пилешки стека
- 2 варени јајца
- 500мил. домашен сос од патлиџани
- 2 главици кромид
- 2 чешниња лук
- 1 лажица путер
- 1 јајце
- 50грама презла
Подготовка
Морам прво да споменам за лепчето е домашно месено со пченично и
пченкарно брашно. Се сечат неколку тенки парчиња леб се премачкуваат
со путер и се потпекуваат.
Кромидот и лукчето се пржат со малку путер и се додава сосот од
патлиџани малку се пропржува и се става врз брускетите. Јајцето го
сечеме на тенки кришки и ставаме на секоја брускета.
Стекот е похован со јајце и презла се пржи и сече на тенки парчиња кои
ги ставаме на сосот. По желба врз секоја брускета се наросува оригано
или магданос. Добар апетит!