Овие мини пици ми се допаднаа зошто се брзи, а исто и можете сите да ги направите со различни вкусови, по желба.
1. Во брашното ја додаваме содата и солта, маслиновото масло па земесуваме тесто со млекото (во кое сме додале 2 лажици јогурт) и водата.
2. Тестото го размесуваме во долга форма од која сечеме онолку парчиња колку што сакаме да имаме пици. Потоа ги расукуваме пиците и ги редиме во плех обложен со хартија за печење. (Јас некои ги расукав, а некои само ги оформив со рака - вторите беа поровки)
3. Секоја пица ја премачкуваме со кечап/доматен сос, наросуваме оригано па ставаме по желба рендана шунка, кашкавал, печурки, домат.
4. Печеме во загреана рерна околу 15-тина минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови