Брзи лепчиња
Овие лепчиња добро ни дојдоа кога немавме леб дома, а никој не сакаше да оди по жешкото да купи. Случајно ги видов штотуку поставени на кулинарика и за некои 20на минути веќе беа на трпезата. Ете, толку се брзи.
Загрејте ја рерната на 220 степени. Од сите наведени состојки се прави тесто кое се дели на 2 дела и танко се расплескува овално или тркалезно на наматена тава за печење. Одозгора се премачкуваат со по 1 лажица јогурт и се посипуват со сусам или црно семе. Ако немате во моментот и не мора. Се печат веднаш, кратко време додека малку не нарастат и поруменат. Печените лепчиња попрскајте ги малку со вода со помош на раката и краевите премачкајте ги со малку масло или путер и оставете ги покриени да подоладат. Убави се и топли и ладни.
Дозата е за 2 лица. Ако сакате за повеќе дуплирајте ја.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
има овчо кисело млеко од кај комшиите, ненормално добро го прават, па ќе го употребам за ова ненормално добро јело :) :) :) :)
Дијанче за нецели 30 мин. веќе си имаш топло лепче за јадење, без многу мака пробај ги. Еве и Лудо најавува проба и тоа со домашно овчо кисело млеко. Сигурно уште поубави ќе бидат. Ќе почекаме да ни кажи ;)
Лиле преубави се!-фалаа, уште да можев да посегнам и да земам барем едно парче. Арно вика Сенди апетит ни отвораш ;) Сенди, каде си да ги видиш варијациите на Лиле? Пак има да ти се пријади :)
ова беше нешто како пицо пита, нешто....додади со свои зборови. настававме многу кромид како основа, пиперки, босилек и козјо сиренце....болеше глава од колку добро мирисаше и стомак од што се прејадовме :) :) :) :)