27
мар
2012
Брзи амер крофнички
Јајцата и шеќерите ги биеме. Во брашното го мешаме прашокот за мелење и наизменично со млекото го додаваме на биените јајца. Смесата може цело време да се работи со миксер и треба да добие поголема густина од онаа за палачинки, па доколку ви е малку брашно, слободно можете да си придодадете.
Со мало лажиче истураме од смесата во врело масло и пржиме.
Готовите крофнички се валаат во шеќер прав и се попрскуваат со чоко прелив.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
лудоооооо сленг наслов е ова, за брзината на времетраењето доста му е и толку . ќе дојди подолго името од подготовката хахаха...
ќути и јади ко сум ти напрајла, оти и то можи да ме смрзи и лајца (ова по битолски намерно) нема да фатам поќе :P - е тогаш да видиш со е мрза хихихи...