Испечати

Брзи амер крофнички

Брзи амер крофнички

Состојки

  • 1 лажица шеќер
  • 1 прашок за печење
  • 2 ванилин шеќер
  • 2 јајца
  • 200 мл млеко
  • 200 гр брашно (и повеќе)

Подготовка

Јајцата и шеќерите ги биеме. Во брашното го мешаме прашокот за мелење и наизменично со млекото го додаваме на биените јајца. Смесата може цело време да се работи со миксер и треба да добие поголема густина од онаа за палачинки, па доколку ви е малку брашно, слободно можете да си придодадете.
Со мало лажиче истураме од смесата во врело масло и пржиме.
Готовите крофнички се валаат во шеќер прав и се попрскуваат со чоко прелив.