30
дек
2019
Брза торта со ореви и кафе
Прво матиме 100 милилитри вода со 1 лажица шеќер и 1 лажица инстант кафе. Со оваа течност ги попрскуваме корите.
Путерот пенасто го матиме со 4 лажици шеќер во прав и 1 лажица рум. Посебно ја матиме слатката павлака. Половина од изматената павлака ја мешаме со изматениот путер. Кон ова додаваме 200 грама мелени ореви и 50 грама сечени ореви. Повторно матиме. Со овој фил ги премачкуваме корите. Одозгора ја покриваме со другата половина од изматената слатка павлака. Украсуваме со чоколадни гранули на Фантазија по желба.
Брза,едноставна и сочна торта.Среќни празници.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Tortata za merak :-)