Брза торта со ореви и кафе
Состојки
- Состојки
- 1 пакување готови кори од Винчини
- 250 гр путер
- 4 лажици шеќер во прав од Фантазија
- 250 гр ореви
- 1 кг слатка павлака
- 1 лажица рум
- 1 лажица инстант кафе
- За украсување чоколадни гранули од Фантазија
Подготовка
Прво матиме 100 милилитри вода со 1 лажица шеќер и 1 лажица инстант кафе. Со оваа течност ги попрскуваме корите.
Путерот пенасто го матиме со 4 лажици шеќер во прав и 1 лажица рум. Посебно ја матиме слатката павлака. Половина од изматената павлака ја мешаме со изматениот путер. Кон ова додаваме 200 грама мелени ореви и 50 грама сечени ореви. Повторно матиме. Со овој фил ги премачкуваме корите. Одозгора ја покриваме со другата половина од изматената слатка павлака. Украсуваме со чоколадни гранули на Фантазија по желба.
Брза,едноставна и сочна торта.Среќни празници.