Брза торта
Во сад за матење се ставаат белките и се матат во цврст снег. Потоа во нив се додава шеќерот. Сето тоа убаво се мати додека да се стопи шеќерот.
Со постојано мешање се додаваат една по една жолтка, и се додава и зејтинот.
Се исклучува миксерот и се додава брашното измешано со прашокот за пециво и ванилиниот шеќер.
Смесата се става во подмачкана тава и со брашно посипана.
Се пече на 200 степени околу 20 минути.
Одкако ќе се испече и ќе се олади се полева со стоплено млеко.
Во друг сад се топи чоколадата со 2 лаж. млеко, и таа се става врз тортата, и целата се посипува со сецканите ореви.
П.С. Чоколадата се топи со млеко за да не се стегне врз тортата и да не се крши при сечењето.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Чинијата многу ја бендисав. :)