18
мар
2014
Брза, тенка интегрална пита
Со жица колку можи подобро изматете ги јајцата со прстофат шеќер. Потоа со помош на жицата вмешајте ги прво водените состојки, па изренданото сирење и салама и исецканите маслинки. На крај посебно измешајте ги брашното, пецивото и малку сол по вкус и додадете ги во смесата.
Обложете пек хартија врз намастен плех со димензии 20х30 (во мојот случај 20х35) истурете и израмнете го тестото во него. Одозгора вметнете ги исечени на подебели плочки варените јајца и поросете со сусам.
Печете на 200 степени додека убаво не порумени одозгора. Кој има луда рерна како мојата ако смета дека има потреба можи во текот на печењето да го покрие со хартија или фолија.
Лиценца: Сите права се задржани
иако рековме дека можи со било кое сирење, бидејќи составот трпи промени, па и другите состојки можат слободно да се заменат, ова го пишав така за кога следен пат ќе имам прилика пак да си земам... е тогас и слика ќе има ако во меѓувреме не излези од некаде онаа што претпоставувам дека ја сликав :)
инаку питата или лепчето го носев и на собир. сите сакаа да го пробаат и рекоја дека е интересно и убаво за јадење.
теофанија и јас и мене ова брашно многу ми се допадна
поздрав до сите :)
Благодариме и околу инфото за сирењето секако :)
Емили, во следна прилика и јас ќе го опробам на скара, во печење и пржење-фала ти за идејата.
Соларис, можеби би била добра споредба со биеното, но сепак е поразлично. Но, идејата ти е добра во секој случај. Како повремено ја правам а го немам тоа сирење, следен пат баш со биено ќе ја направам.