Брза, тенка интегрална пита
Состојки
- 3 јајца
- 200 мл млеко
- 150 мл масло
- 130-150 гр халуми сирење (или вид по избор)
- 120 гр сaлама (или вид по избор)
- 13на маслинки (или по желба и повеќе)
- 260 гр грахам брашно за интегрален леб
- 1 прашок за пециво
- сол и прстофат шеќер
- 2 варени (недоварени) јајца за декорација и малку сусам
Подготовка
Со жица колку можи подобро изматете ги јајцата со прстофат шеќер. Потоа со помош на жицата вмешајте ги прво водените состојки, па изренданото сирење и салама и исецканите маслинки. На крај посебно измешајте ги брашното, пецивото и малку сол по вкус и додадете ги во смесата.
Обложете пек хартија врз намастен плех со димензии 20х30 (во мојот случај 20х35) истурете и израмнете го тестото во него. Одозгора вметнете ги исечени на подебели плочки варените јајца и поросете со сусам.
Печете на 200 степени додека убаво не порумени одозгора. Кој има луда рерна како мојата ако смета дека има потреба можи во текот на печењето да го покрие со хартија или фолија.