13
сеп
2022
Брза супа со макарони
На одмор сте, не сакате долго да готвите, на располагање имате неколку продукти. Ова беше мој случај, такашто излезе брз и вкусен оброк.
1. Во тенџерче ставаме масло, ситно исечкано мало кромидче и малку вода. Пржиме да испари течноста и да застакли кромидот.
2. Налеваме млака вода, во неа штом зоврие ја ставаме готовата супа.
3. По некоја минута ги додаваме макароните, вариме десетина минути, сервираме со зачини и додатоци по желба.
*Забелешка - Супата може да биде било каква по ваш избор, исто така и макароните. Ако сакате да е потечно, додадете повеќе вода.
(540)
Лиценца: Сите права се задржани