Брза проја со сирење
Рецепт како да се направи најбрзата проја на свет. Брзо и здраво јадење за сите членови во семејството.
Подготовка
На почеток изматете ги јајцата со малку сол. Пченкарното и пченичното брашно и мешајте ги заедно со пецивото. Во јајцата сипете ги јогуртот, зејтинот и к.вода промешајте и потоа сипете го брашното. Во оваа фаза ставете ги по желба додатоците за кои се одлучивте и сирењето. Повторно промешајте и сипете ја смесата во мала Ростер тава. Печете на 200степени половина час додека не добие убава златно-жолта боја.
Добар апетит!!!
Забелешка
Доколку сакате смесата може да ја печете и во Калап за мафини или Калапот за векни, наросете ја пред печење со сусам.
Лиценца: Сите права се задржани