Испечати

Брза проја со сирење

Брза проја со сирење

Состојки

  • 2 филџани(125мл) пченкарно брашно
  • 1 филџан пченично брашно
  • 1 филџан зејтин
  • 1 филџан јогурт
  • 1 филџан кисела вода
  • 4 јајца
  • 1 лажичка сол
  • 300гр. сирење
  • додатоци за подобар вкус
  • 2 лаж. кајмак или павлака, мортадела, бритва, оригано, сусам

Подготовка

Рецепт како да се направи најбрзата проја на свет. Брзо и здраво јадење за сите членови во семејството.
Подготовка
На почеток изматете ги јајцата со малку сол. Пченкарното и пченичното брашно и мешајте ги заедно со пецивото. Во јајцата сипете ги јогуртот, зејтинот и к.вода промешајте и потоа сипете го брашното. Во оваа фаза ставете ги по желба додатоците за кои се одлучивте и сирењето. Повторно промешајте и сипете ја смесата во мала Ростер тава. Печете на 200степени половина час додека не добие убава златно-жолта боја.

Добар апетит!!!

Забелешка
Доколку сакате смесата може да ја печете и во Калап за мафини или Калапот за векни, наросете ја пред печење со сусам.