Проја со праз и сирење
Ситно исечканиот праз во малку масло кратко време го пропржуваме (колку да омекни и испушти миризба) и го оставаме на страна да се лади додека јајцата убаво ги миксираме. Сирењето го дробиме, а двете врсти брашно и прашакот за печење ги мешаме во подлабок сад и ги додаваме на миксираните јајца. Сега не користиме миксер. Мешаме полека со лажица. Го додаваме и пропржениот праз.
Во намастена тепсија ја тураме смесата и печиме 30 мин на 180 степени.
Јас печев во овална каде е бројот 35, но на тркалезна тепсија би требало бр. 30 да одговара.
Добар апетит!
*Овој рецепт произлезе како „замена„ за зелник со праз. Ни се јадеше нешто такво, ама не ни се чекаше ))) Секако дека не е исто, но сепак се долови посакуваниот вкус и со шола јогурт испадна екстра вечера.
Уште една проја меѓу неколкуте тука...да се најди, за секој случај )))
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
ти благодарам на дојавата и сликичката. на здравје нека ви е :)
и фала ти што ме потсети на рецептот, ќе си го направам и јас деновиве :)