Брза Пица (без стасување)
Домашно подготвена пица нам ни е највкусна, а кога ни се брза овој рецепт е вистински спас за вкусен ручек од кој сите дома сме презадоволни. Бидејќи во тестото не се става квасец, нема потреба да се чека да стаса тестото, и со самото тоа го заштедуваме времето кое е потребно за истото.
Подготовка
1. Во длабок сад ги ставаме наведените состојки и замесуваме меко, глатко тесто.
2. Тестото веднаш го делиме (јас од оваа количина правам 2 пици, едната во тавче број 30, а другата во тавче број 32) на 2 дела. Тестото тежи околу 900 гр и го делиме на 2 дела од око (или еден дел од 400 гр, а другиот дел од 500 гр).
3. Во тавчето ставаме мрсна хартија, па врз неа го расплескуваме тестото рамномерно. Врз тестото ставаме кечап (или доматно пире), врз него рендаме кашкавал, па редиме парчиња чадено пилешко филе, потоа печурки исечкани на тенки ленти. Одозгора наросуваме оригано, па ставаме зрна пченка.
4. Сега ја уклучуваме рерната на 200 степени. Кога ќе се загрее, ја ставаме пицата да се пече (јас печев околу 20-25 минути), вие регулирајте според тоа како пече вашата рерна. Додека се пече првата пица, на истиот начин ја спремаме втората, па ја ставаме да се пече веднаш што ја извадиме првата.
Забелешка - Состојките на пицата се по наш вкус, вие може да употребите тоа што ви е највкусно.
Понекогаш наместо кисело млеко, знам да ставам јогурт, ама во тој случај корегирајте ја количината на брашното.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани