11
јул
2013
Брза пица со јогурт
Во јогуртот додадете ја содата и промешајте нека отстои неколку минути. Јајцата и сол изматете ги со рачна маталка и додадете го јогуртот. Додадете го и брашното, изрендан кашкавал, исецкана шунка и магданос. Измешајте се убаво. Тавчето бр. 30 премачкајте го со масло посолете со брашно. Сипете ја смесата и убаво израмнете . Печете на 200 степени околу 25 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови