
Брза мусака
Оваа мусака за првпат ја јадев во Бугарија.Од тогаш е во моето мени. Малите дечиња ја обожаваат.
Кромидот се сече на ситно и се става да се пржи. Откако ќе се потпржи се додава месото. Во месото ги додаваме предходно изренданиот патлишан и оризот. Зачинуваме по вкус. Јас ставам 2 лажици мешан сув зачин и една лажица црвен пипер.
 Компирите ги лупиме и ги сечеме на ситни коцки.
 Компирите и филот од месото ги соединуваме во плех за печење, ги половаме со вода и се пече во загреана рерна на 250 Ц.Печеме додека да изврие водата.
 Потоа од горе ги поливаме изматените јајца. Во јајцата може да се додаде и млеко.
 Мусаката ја враќаме во рерната и печеме уште 5-10мин.
 Потоа ја сервираме....
 Се подготвува за 1 час.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
























