Брз десерт со крема од кафе и маскарпоне
Ставете ги бисквитите во сецко и сомелете ги.
Додајте го растопениот оладен путер и убаво измешајте.
Во мали округли калапи ставете од оваа смеса и убаво со раце притиснете.
Ставете ги во замрзнувач неколку минути за да се стегне смесата.
Во меѓувреме ставете ја фолијата желатин во ладна вода да омекне.
Слатката павлака ставете ја да се загрее, па додајте ја омекнатата и исцедената фолија желатин.
Мешајте додека желатинот се растопи.
Префрлете ја слатката павлака во сад, па додајте го кафето и румот.
Промешајте додека кафето се раствори.
Потоа додајте го маскарпонето и шеќерот во прав и убаво со жица измешајте да се добие еднолична смеса без грутки.
Извадете ги калапчињата од фрижидер и врз бисквитната основа нанесете од кремата.
Вратете ги назад во фрижидер за да се стегне и кремата.
Во тава на оган ставете го шеќерот.
Откако ќе почне да се топи додајте ги оризовите снегулки и мешајте додека се карамелизираат.
Откако убаво ќе се изладат тортиците извадете ги внимателно од калапите.
Одозгора нанесете ги карамелизираните оризови снегулки и послужете.
Ако не ги послужувате веднаш, чувајте ги во фрижидер до моментот на сервирање.
Лиценца: Сите права се задржани