Прекрасен рецепт, кој воодушевува со вкус, а многу брзо се прави. Чоколадно чувство со нота на јагода ве обзема кога го вкусувате овој колач. На моите деца многу им се допаѓа, а тоа е и најважниот момент за мене кога ќе зготвам нешто.

1. Во тенџере на тивок оган ги ставаме путерот, шеќерот во прав и какаото. Мешајте додека не добиете глатка смеса односно додека путерот да се растопи. На крај додадете ја чоколадата откако ќе го тргнете од огин, за да се растопи.
2. Додадете ги јајцата и екстрактот од јагоди, со мешање.
3. Просејте го брашното, додадете го во смесата и добро промешајте.
4. Смесата сипете ја во квадратно тавче прекриено со хартија за печење. Јас го користев Делимано правоаголното силиконското тавче, кое е со димензии 28х24 и не го подмачкав.
5. Печете во предходно загреана рерна на 160 степени околу 30 мин.
После печење оставете го да се излади, исечете го на големини по желба. Посипете го со шеќер во прав и сервирајте со јагоди.

Забелешка
Некако во навика ми стана кога ставам какао и брашно во торти и колачи секојпат да ги просејувам низ цедалка или сито. Структурата при спојување на состојките вака ми е помазна, па така и во овој рецепт, поминете ги низ сито.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани