17
јан
2016
Бомбици со портокал
На рингла во тава се растопува шеќерот додека карамелизира. Се додава водата и исцеден сок од портокалите и врие додека шеќерот се растопи. Одкако ќе се растопи шеќерот се додава една кесичка пудинг од ванила и се вари крем. Одкако ќе се подизлади се додаваат лешниците и кексот и убаво се замесува смеса. Од смесата се прават бомбички кои се украсуваат со изренданата чоколада. Прекрасен вкус на карамела и портокал.
Лиценца: Сите права се задржани