Најпрвин ги мелеме бисквитите, ги сецкаме желе бонбоните на ситни парченца. Го растопуваме маргаринот, не целиот околу 20 грама и матиме 2 белки со шеќерот во цврст снег. Сите состојки заедно ги мешаме убаво да се спојат и правиме бомбици големина по желба. Од оваа количина на мене ми излегоа околу 20 бомбици.
Го растопуваме чоколадото и маргаринот остатокот, секоја бомбица до половина ја мрцнуваме во чоколадото и ги ставаме во хартиени кошнички или модли или по ваша желба.
Првпат правев бомбици со шампањско и навистина испаднаа многу вкусни.
Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани