Испечати

Бомбици со шампањско вино

Бомбици со шампањско вино

Состојки

  • 150 грама бисквити
  • 100 грама желе бонбони
  • 50 грама шеќер во прав
  • 30 грама маргарин
  • 30 грама чоколадо за готвење
  • 50 мл вино шампањско
  • 1 лажичка екстракт од банана

Подготовка

Најпрвин ги мелеме бисквитите, ги сецкаме желе бонбоните на ситни парченца. Го растопуваме маргаринот, не целиот околу 20 грама и матиме 2 белки со шеќерот во цврст снег. Сите состојки заедно ги мешаме убаво да се спојат и правиме бомбици големина по желба. Од оваа количина на мене ми излегоа околу 20 бомбици.
Го растопуваме чоколадото и маргаринот остатокот, секоја бомбица до половина ја мрцнуваме во чоколадото и ги ставаме во хартиени кошнички или модли или по ваша желба.
Првпат правев бомбици со шампањско и навистина испаднаа многу вкусни.
Добар апетит.