Бомбици со маскарпоне и нутела
Експлозија од вкус. Пробајте ги
Подготовка:
1. Во еден сад ставаме нутела, маскарпоне, путер, кои треба да бидат на собна температура. Убаво со лажица ги соединуваме, па додаваме шеќер во прав. Соединуваме. Сега ги додаваме мелените лешници, наполитанки, овесни снегулки. Убаво ја изедначуваме цела смеса и ја ставаме во фрижидер да се стегни, околу 30 минути.
2. Потоа формираме бомбици. Пак ги оставаме во фрижидер, додека ја подготвуваме глазурата.
Потоа секоја бомбици ја обложувам со растопено чоколадо и ја декорираме со чоко топче. Нека се стегни чоколадото, па ги сервираме во хартиени кошнички и ги послужуваме.
На здравје
Лиценца: Сите права се задржани