Тука го спојуваме вкусот на лешници и чоколадо, во еден многу едноставен рецепт кој се подготвува за петнаесетина минути, а ќе ја задоволи вашата потреба за благо.

Готвиме заедно со Ана Азгоур од блогот за жива храна Сурово и вкусно.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 180гр лешници
  • 10 свежи урми
  • 1 лажица таан
  • 2 лажици ленено масло
  • Какао за валкање на бомбиците

Вид на оброк: Десерт
Комплексност: Лесно
Лица: 4
Време на подготовка: до 30 мин.

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Кујнски сецко.

Подготовка

Чекор 1:Лешниците измелете ги најситно што можете. Урмите покиснете ги во вода петнаесетина минути, потоа излупете ги и извадете им ги семките.

Чекор 2:Во мелените лешници додајте ги урмите, таанот и маслото, па мелете сѐ заедно. Доколку немате сецко или машина за мелење што ќе ја собере целата смеса, може да ги блендирате лешниците и урмите одделно, а потоа сѐ заедно со таанот и лененото масло да замесите како тесто.

Чекор 3:Од смесата формирајте топчиња. Оваа смеса е доволна за 14 бомбици. Бомбиците валкајте ги во какао и редете ги во чинија. Толку е лесно!

Чекор 4:Може да ги јадете веднаш, но уште повкусни се кога ќе отстојат во фрижидер барем еден час. Сервирајте ги на чинија со неколку сурови лешници како декорација.

СОВЕТ: Овие бомбици се подготвуваат толку брзо и лесно, што може да ги направите веднаш штом ќе ви се најават гости, а со нивниот изглед и богат вкус ќе оставите впечаток на искусен готвач.