Испечати

Бомбици со маскарпоне и нутела

Бомбици со маскарпоне и нутела

Состојки

  • 100гр нутела
  • 30гр путер
  • 40гр шеќер во прав
  • 70гр маскарпоне
  • 60гр мелени, тостирани лешници
  • 30гр мелени овесни снегулки
  • 70гр мелени лешник наполитанки
  • По желба некој зачин, цимет, ванила.. Јас не ставив

Подготовка

Експлозија од вкус. Пробајте ги

Подготовка:

1. Во еден сад ставаме нутела, маскарпоне, путер, кои треба да бидат на собна температура. Убаво со лажица ги соединуваме, па додаваме шеќер во прав. Соединуваме. Сега ги додаваме мелените лешници, наполитанки, овесни снегулки. Убаво ја изедначуваме цела смеса и ја ставаме во фрижидер да се стегни, околу 30 минути.
2. Потоа формираме бомбици. Пак ги оставаме во фрижидер, додека ја подготвуваме глазурата.
Потоа секоја бомбици ја обложувам со растопено чоколадо и ја декорираме со чоко топче. Нека се стегни чоколадото, па ги сервираме во хартиени кошнички и ги послужуваме.
На здравје