Кориве за куќичкава ги добив како подарок и само требаше да смислам декорација за кучичката. Декорацијата е дело на мојата ќерка хахаха.
Прво ја подготвуваме глазурата(ројал ајсинг) така што лесно со вилушка ги матеиме белките и постепено го додаваме шеќерот во прав и кога и веќе е готова го додаваме сокот од лимон.
Бидејќи се работи за поголема количина глазура, а бргу се стврднува,садот во кој ја правев го ставив во друг поголем сад со топла вода.
Полниме готварски шприц со глазура и почнуваме со лепење прво на страните на куќичката.
Потоа го декорираме покривот-кога е покриен со глазура веднаш ставајтеги перлите или бомбоните бидејќи за околу една до две минути глазурата ќе се стврдне. Постапката ја повторуваме со останатите делови од куќата, изборот како ќе изгледа е ваш.
Јас на покривот над глазурата наросив кокос за да се зголеми ефектот на снег.
Исто така и подлогата е со кокос.
Среќни празници на тимот од Мои Рецепти и сите членки на странава!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови