Вреди секоја минута потрошена за да се подготви ова задоволство.Рецептов е повеќе од одличен.И само по малку личи по вкус на купечкиот штолен,многу многу е поубав!
Неколку часа пред да почнете со подготовка,полејте го сувото грозје со сокот од портокал и лимон,додадете го румот и убаво промешајте.Оставете да се маринира.
Квасецот го рониме во млако млеко и шеќер и оставаме да се активира.
Во брашното правиме вдлабнатина и го додаваме активираниот квасец,стопениот путер,шеќерот,ренданите кори од портокал и лимон,прстофат сол и тестото го мешаме со миксер со додатоците за тесто.
Оставаме да се одмори 30 минути.
На набрашнета површина кратко го премесуваме и сучиме кора врз која го додаваме исцеденото суво грозје,кандираната кора од портокал и лимон и го месиме.
Повторно тестото го оставаме да одмори 30 минути.
Сучиме кора и врз кората ставаме ролна марципан. Ја превиткуваме кората прво од едната, па од другата страна навнатре, значи само преклопуваме. Го ставаме штоленот врз плехче обложено со пек хартија.
Печеме во загреана рерна на 180 степени околу еден час.
Топлиот испечен штолен со четка убаво го премачкуваме со растопен путер, го наросуваме со ванилин шеќер и обилно го посипуваме со шеќер во прав.
Оставете го убаво да се олади,барем еден ден.
*од оваа мера јас направив два помали штолени кои ги печев до плех со димензии 12 на 25 см.
На здравје и уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови