Богати мафинчиња со невообичаен вкус
Подготовка на мафините
1. Јајцата се матат со шеќерот.
2. Во ова се додаваат сите останати состојки (јас бананчињата ги додавам отпосле директно во хартиените корпици)
3. Корпиците се ставаат во калап за мафини или може и во обично тавче за печење
4. Се полнат корпите до пола
5. Се додаваат ситно сецканите бананчиња
6. Се дополнуваат корпиците (полнењето да не биде до горе за да има простор каде да нараснат мафинчињата)
7. Се печат на 180 С околу 20-30 мин
Подготовка на филот
1. Млекото зоврива со шеќерот и во него се вари претходно разматениот пудинг со малку од млекото
2. Се остава да се излади пудингот
3. Чоколадото се растопува и се остава малку да се подизлади
4. Се додава во пудингот претходно разматениот маргарин и растопеното чоколадо и се изедначува со миксерот матејќи ги
5. Со овој фил се филуваат мафините, пред да се поклопат со фондан (како што ги декорирав јас, но може и со шлаг)
6. Излегуваат 20 мафинчиња
Јас користев пудинг од шумско овошје, бидејќи вкусот на филот ми е поинаков и покрај тоа што на крај додавам црно чоколадо.
Мафините ми се како со овошен вкус поради џемот од смокви, кокосот и бананчињата, па затоа сакам и овошен пудинг, а со црното чоколадо успевам да ги излажам децата дека станува збор за чоколаден фил.
Пробајтеее....
Пријатен апетит !
Лиценца: Сите права се задржани