Мало слатко задоволство. Кога дома имате од се по малку, а сакате нешто вкусно тогаш подгответе ги овие мафинки. Изматете го маргаринот со шеќерот па додадете го јајцето. Мешајте да добиете еднаква смеса. Додадете ги ванилите и циметот, а потоа млекото и растопената чоколада. Брашното добро просеано помешајте го со пецивото па сипете го во смесата и благо промешајте. Јаткастите плодови и брусницата исто така помешајте ги и соединете ја убаво смесата. Полнете ги корпичките. Јас ставив во мали корпички. Печете на температура од 180 степени. Оставете малку да изладат, па вадете ги од калапот. Колачињата имаат преубав вкус. Забелешка Во текстот пишав 200 до 250 гр брашно. Многу зависи какво е брашното и колку ќе ви омекне смесата. Затоа брашното додавајте го постепено, мешајте со шпатула и самото ќе ви покаже колку треба да е густо. На здравје