Богат, превкусен, ароматичен куглоф.

Подготовка

Во длабок сад изматете ги со миксер путерот, шеќерот, па постепено додадете ги прво жолчките, па млекото, сокот од портокал, брашното и пецивото.
Продолжете со матење за да добиете еднолична смеса. Потоа, додадете ги брусницата, кајсиите, бадемите и оревите и претходно изматените белки во цврст снег. Промешајте убаво

Смесата ставете ја во намрсен калап и печите на 180 степени околу 40 минути.

Откако ќе се испечи и олади, извадете го колачот од калапот и одозгора ставете ја глазурата (растопено чоколадо со малку масло)

Декорирајте по желба

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани