Испечати

Богат празничен куглоф

Богат празничен куглоф

Состојки

  • 3 јајца
  • 70 гр кафен шеќер
  • 120 гр путер
  • 50 мл млеко
  • 2 портокали сокот
  • 2,5 чаши од 200 мл брашно
  • 1 пециво
  • 50 гр суви сецкани кајсии
  • 50 гр сува брусница
  • 50 гр сецкани бадеми
  • 50 гр сецкани ореви
  • За глазура
  • 50 гр црно чоколадо
  • 1 лажица масло

Подготовка

Богат, превкусен, ароматичен куглоф.

Подготовка

Во длабок сад изматете ги со миксер путерот, шеќерот, па постепено додадете ги прво жолчките, па млекото, сокот од портокал, брашното и пецивото.
Продолжете со матење за да добиете еднолична смеса. Потоа, додадете ги брусницата, кајсиите, бадемите и оревите и претходно изматените белки во цврст снег. Промешајте убаво

Смесата ставете ја во намрсен калап и печите на 180 степени околу 40 минути.

Откако ќе се испечи и олади, извадете го колачот од калапот и одозгора ставете ја глазурата (растопено чоколадо со малку масло)

Декорирајте по желба

На здравје