18
јан
2020
Празничен куглоф со портокал и морков (посно, веган)
Вкусен и мирисен колач со кој ни дава до знаење дека е зима ама и празници...
Подготовка
1. Брашното, пециво, сода бикарбона, рендана кора од портокал, сечкан кандиран ѓумбир и зачините ги ставаме во сад и ги сеоединуваме.
2. Ги додаваме оревите, сувото грозје и брусница како и ренданиот морков.
3. Ги соединуваме течните состојки заедно со шеќерот, мармаладот и екстрактот од ванила. Ги додаваме кон сувите состојки и соединуваме со лажица.
4. Калапот за куглоф го намрсуваме и набрашнуваме. Ја истураме целата смеса во калап и печеме во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.
Забелешка
Ставив мармалад од кајсии, а вие по желба и вкус.
Лиценца: Сите права се задржани