Испечати

Празничен куглоф со портокал и морков (посно, веган)

Празничен куглоф со портокал и морков (посно, веган)

Состојки

  • 420 гр брашно
  • 1/2 пециво
  • 1/2 лажичк сода бикарбона
  • 120 гр сечкани ореви
  • 120 гр рендан морков
  • рендана кора од 1 портокал
  • 200 гр шеќер
  • 2 лажички ванила екстракт
  • 50 гр суво грозје
  • 25 гр брусница
  • 2 парчиња кандиран ѓумбир
  • 200 мл вода
  • 100 мл масло
  • сок од 1/2 портокал
  • 4 лажици мармалад
  • зачини по вкус и желба, цимет, анис, каранфилче, морско оревче...

Подготовка

Вкусен и мирисен колач со кој ни дава до знаење дека е зима ама и празници...

Подготовка
1. Брашното, пециво, сода бикарбона, рендана кора од портокал, сечкан кандиран ѓумбир и зачините ги ставаме во сад и ги сеоединуваме.
2. Ги додаваме оревите, сувото грозје и брусница како и ренданиот морков.
3. Ги соединуваме течните состојки заедно со шеќерот, мармаладот и екстрактот од ванила. Ги додаваме кон сувите состојки и соединуваме со лажица.
4. Калапот за куглоф го намрсуваме и набрашнуваме. Ја истураме целата смеса во калап и печеме во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.

Забелешка
Ставив мармалад од кајсии, а вие по желба и вкус.