Ова солено печиво е попознато како ,,бовчи,, кое често го спремам во склоп на празнична трпеза. Најдобро е филот  да се спреми прв. За него кромидот ситно сечкан, заедно со лукот и меленото со зачините и маслото кратко време се пропржува над оган и се остава да се излади.

Од состојките наведени за тесто се замесува смесата притоа да стане глатка и да пука односно убаво нека се измеси. Се побрашнува работната површина со брашно и се сука квадратна кора на танко некои 2-3 мм. Се премачкува со маргаринот и се предиплува во плик..така стои 15мин. потоа пак се отвора тенка кора се пресекува на коцки со големина која вам ви одговара(овие моите од прилика беа со димензии од 5см) на средината од секоја коцка се става филот од мелено и се спојуваат два со два спротивни краеви кон средината на коцката точно над филот. Натаму секоја бовча се премачкува со белката и се печат во плех над хартија на 200,додека заруменат. За да не се отвораат ќошевите во средината убаво би било ако се завртата малку и се потпритиснат на средина.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови