Подготовка
1. Во подлабок сад за матење ставете го просеаното брашно. Во него додајте ги сувите состојки за тестото ( шеќер, цимет, сол, сув квасец) и убаво измешајте ги низ брашното.
2. Млеката заедно ставете ги во сад на умерен оган и загрејте ги, да бидат топли, но не премногу. Во садот со брашното, додајте и масло и со млакото млеко замесете средно меко тесто. Постепено додавајте од млекото, зошто количината може да варира зависно од густината на кондензираното млеко. Треба да добиете средно меко тесто. Покријте го со кујнска крпа и оставете го на топло да нарасне и двојно да го зголеми својот волумен.
3. Нараснатото тесто поделете го на 20 еднакви топчиња, а млечното чоколадо исечете го на тенки лентички. Од секое топче исукајте долгнавеста коричка. По должината ставете од сецканото чоколадо. Со прсти спојте ги краевите и со рацете формирајте долгнавеста форма. Превиткајте ја како спирала , така што ќе изгледа како зајаче. Повеќе објаснување има во дополнителните фотографии.
4. Истата постапка повторете ја и со останатите топчиња тесто. Оформените зајачиња оставете ги да нараснат 30 мин. Пред печење со четка премачкајте ги со разматено јајце. Направете влдланбатинка со прст таму кај што после печењето треба да стои чоколадното јајце. Врз секое од нив ставете мало парченце путер и печете во загреана рерна на 200 степени 18 мин.
5. Изладените кифлички наросете ги во шеќер во прав и украсете ги со чоколадните јајца.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови