Бисквитен колач со јаболка
Прекрасен овошен колач, лесен за подготовка и освежителен за јадење.
Ќе го подготвите за 30 минути
Подготовката е следна
1. На оган се растопува шеќерот во водата.
2. Ги рендате трите јаболки, претходно излупени.
3. Ги додавате во садот на оган и оставате да зовријат.
4. Промешувате и оставате на оган 5 минути.
5. Ја цедите течноста во друг сад и притиснувате со лажицата да се исцедат убаво јаболките.
6. Пудингот од ванила го разматувате со сок од јаболко.
7. Во садот со процедената течност го додавате претходно разматениот пудинг.
8. Мешате додека не ја добиете потребната густина.
9. Тргаме на страна околу 2-3 минути.
10. Бисквитите ги топиме во сок од јаболко и ги редиме во плехче.
11. Еден ред има 15 парчиња бисквити.
12. Врз бисквитниот ред, прелеваме од пудингот.
13. Ги разредуваме претходно исцедените јаболки на секаде, па попрскуваме цимет.
14. Редиме уште еден ред натопени бисквити, па прелеваме повторно со пудингот.
15. Затвараме со потопени бисквити.
16. Украсуваме со шлаг крем или слатка павлака. Декорираме со парче јаболко попрскано со цимет.
17. Оставете во ладилник да се стегне колачот.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови