Бисерна торта
Фил
Јајцата се кршат и се делат белките од жолчките. Во тенџере на оган се става 750мл. млеко со 350 гр. шеќер да зоврие, а во меѓувреме се матат жолчките со наизменично додавање на брашно и преостанатото млеко. Откако убаво ќе се измеша смесата се добива густина како јогурт, тенџерето со зовриено млеко се трга настрана и во него се истура смесата. Се враќа на оган и се меша со дрвена бркалка додека не се добие потребната густина. На крај се додава чоколадото и се меша додека не се растопи. Се остава да се излади 3-4 часа. Откако ќе се излади се меша со 250 гр. пенасто изматен маргарин.
Кора
Белките се матат со миксер и се додава шеќерот. Откако ќе се растопи шеќерот и се добие цврста смеса се исклучува миксерот и се додава брашното, оревите и чоколадото. Се промешува и се истура во плех да се пече 10-15 минути на 180 степени. Откако кората ќе се излади се сечена два дела. И филот се дели на 2 дела. Во едниот се додаваат мелените ореви.
Се филува кора - фил со ореви- ресани - фил- кора- фил. Целата торта се премачкува со шлаг пена и бисери од марципан.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови