Бела торта со фил од гриз и пудинг
Подготовка
Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Намастете со зејтин еден плех од рерна и ставете хартија за печење.
За бисквитот, изматете ги пенасто јајцата со шеќерот. Откако смесата ќе осветли и згусне, додадете водата и млекото, потоа брашното измешано со пециво, и на крај измешајте ги мелените ореви. Ставете да се печи 15тина минути. Откако ќе се испече и излади, пресечете го на 3 дела.
Бисквитот можете да го печете и во округла тава бр.30.
Подготовка на филовите
300мл. млеко ставете да се вари. Во другите 200мл. додадете го гризот и шеќерот, изматете да се спојат состојките. Оваа смеса додадете ја во свареното млеко и варете со непрестано мешање додека убаво да згусне. Оставете да се излади.
Во дел од 400мл. млеко растворете го пудингот. На другиот дел додадете му го шеќерот и ставете да се вари. Откако ќе зоврие, додадете го пудингот и варете со непрестано мешање додека да се згусне. Тргнете на страна и оставете да се излади.
Путерот и шеќерот во прав изматете ги пенасто. Додадете ги другите два изладени фила, и изматете со миксер за добро да се спојат состојките.
Се филува секоја кора и се украсува по желба.
Лиценца: Сите права се задржани