27
мар
2015
Бела салама со желе
Се прави брзо и лесно, издашен е, не требаат многу и скапи состојки, а вкусот е верувајте ми, неодолив.
Измешајте ги мелените бисквити и шеќерот. Додадете го маргаринот и аромата на портокал или ренданата кора и измесете еднолична смеса.
Желе бомбоните исецкајте ги на ситни коцкички. При сечењето користете шеќер во прав за да не ви се облепуваат меѓусебно. Измешајте ги во хомогената смеса.
Смесата поделете ја на 2 дела и натиснете ја во лимен калап со форма. Доколку немате таков, свиткајте ја со фолија како салама.
Оставете добро да се здрви во фрижидер, па исечете на тенки парчиња.
Лиценца: Сите права се задржани
Желето е посно. Не се прави со желатин, ами со агар-агар. Тетка ми гооодини работеше во „Прогрес“ и знам од сигурни извори дека е така. Всушност, јас таму и на пракса одев, ама тогаш како тинејџер ич не се секирав што го здрвува желето, битно ми беше од се да напикам за мезе :)))