Бела салама со желе
Состојки
- 250 гр мелени бисквити
- 250 гр маргарин
- 200 гр шеќер во прав
- 200-250 гр желе бомбони
- 1 ампула арома од портокал или 1 рендана кора од портокал
Подготовка
Се прави брзо и лесно, издашен е, не требаат многу и скапи состојки, а вкусот е верувајте ми, неодолив.
Измешајте ги мелените бисквити и шеќерот. Додадете го маргаринот и аромата на портокал или ренданата кора и измесете еднолична смеса.
Желе бомбоните исецкајте ги на ситни коцкички. При сечењето користете шеќер во прав за да не ви се облепуваат меѓусебно. Измешајте ги во хомогената смеса.
Смесата поделете ја на 2 дела и натиснете ја во лимен калап со форма. Доколку немате таков, свиткајте ја со фолија како салама.
Оставете добро да се здрви во фрижидер, па исечете на тенки парчиња.