Овој колач е многу брз за подготовка, подготвен со бело млечно чоколадо и млечни течности, а желе бонбоните му даваат нијанси на шмек со нивниот различен вкус и текстура.

Со 5 состојки, подготвен за 5 минути, распореден на 5-6 луѓе(во големи слатки парчиња), кои се засладија за 5 минути, па така и сам името си го даде =)

Подготовка
1. Слатката павлака и млекото ги загреваме до вриење, ама да не вријат. Во нив го додаваме искршеното бело чоколадо, мешаме додека да се растопи.
2. Желе бонбоните ги сечкаме на мали коцкички и ги додаваме кон белата млечна смеса, која е малку подизладена.
3. Пишкотите ги сечеме на три дела по должина. Ги ставаме во еден сад. Со половина од млечната смеса ги залеваме пишкотите, нешно промешуваме и смесата ја истураме во еден четвртаст сад.
4. Со лажица нежно го измазнуваме па ја додаваме и втората половина од млечната смеса и желе бонбоните во неа. Колку е помал садот толку ќе биде повисок колачот.
5. Слатката павлака ја матиме да се згусне и ја распоредуваме врз колачот, па рендаме бело чоколадо врз неа.
6. Колачот го оставаме во фрижидер да впијат пишкотите и малку да се стегне.

Забелешка
За да не ви крцкаат желе бонбоните кои се нели извалкани во кристал шеќер, ги ставаме во млаката млечна смеса, промешуваме и таман ќе се растопи шеќерот.

Имајте трпение за да колачо ја впие смесата.., а не како мене веднаш да го сечете, фоткате и јадете =)