1. Се загрева слатката павлака внимавајки да не зоврие. Тргнете ја и додадете го искршеното или изренданото чоколадо. Промешајте да се стопи. Не го враќате садот назад на огнот. Додадете го маргаринот исецкан на коцки. Со миксерот матете да се соединат состојките, а истовремено ќе се растопи и маргаринот. Кога се станало компактна смеса, додадете ги подпечените мелени бадеми. Измешајте. Додадете лажица мед и по ваш избор од џемот. Повторно промешајте да се соединат. Соберете во тегличка и оставете да се излади.
Тоа е се народе!

Вака брза и лесна подготовка, а добивате одличен крем кој ќе ви послужи и како намаз, (наместо нутела) како фил за полнење на пралините, дополнување на некој друг фил за некој колач и за се она што мислите дека паметно ке го искористите.
Од оваа колична на состојките добивате 300 гр. крем.
Доколку немате бадем, заменете со лешници.
Во денешниот крем јас ставив џем од малини. Можете да додадете и рендана коричка од портокал.
Нека ви е слатко!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани