Вистинска чорба која вреди да се направи и да се проба.
1. Во длабок сад се става водата и во неа се ставаат сечканиот целер, морков ловоров лист и месото. Сето ова се вари околу 30мин.
2. Потоа се сечка свареното месо на коцкички се вади ловорот и се прави на страна запршка од масло со лажица брашно. Овде се додава исечканата смрзната бамја и се вари околу 15мин.
3. Во мал сад се става жолчката и павлаката се додава малку течност од чорбата и се додава во чорбата. Се исклучува. Се зачинува со сол, бибер или сув зачин. Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани