Права вистинска чорба.
1. Пилешкото месо се мие и се става во лонец. Се налива вода се посолува и се вари заедно со морковот, целерот исечкан на коцкички и ловоровиот лист. Кога месото ќе се свари водата се процедува и се сечка месото на ситни парчиња.
2. Во друг сад се става масло и брашно и се запржува. Овде се додава исечканата бамја. Потоа се додава во лонецот со пилешкото и се вари 15мин.
3. Во мал сад се става жолчката заедно со павлаката да се измеша. Постепено се става еден кутлач од чорбата да не се згрутчи, а после целата смеса се става во чорбата да поврие и готово. Се служи со лимон. Вистинска чорба.

ПС -Знаел бегот што е убаво.
Дошол некој човек во ресторан и побарал рибја чорба. Кога кенлерот му ја донел овој му рекол:
- Каде е овде рибата?
Кенлерот го прашал:
- Дали некогаш си јадел Бегова чорба?
- Да
- И дали некогаш си видел БЕГ во неа?
Шала настрана чорбата е врв.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани