Басамати ориз со туна сос (посно)
Кога јадам ориз обично не јадам леб, ем повкусно, ем похранливо.
Овој ручек, ова посно и вкусно јадење, кое се подготвува ептен брзо навистина ќе ви помогне да се угостите себеси, а можеби и некој свој близок, без многу задржување во кујната.
Подготовка
Најдобар начин за подготовка на басамати оризот е односот на ориз и вода да биде 1 према 2, една шоља ориз со две чаши врела вода.
Оризот го миеме и му ставаме врела солена вода. Го ставаме да врие ама на ниска температура, на тивко, 8-10 минути покриен со капак. Потоа со вилушка само поминуваме т.е лесно го промешуваме и растресуваме. Сите зрна се одвоени едно од друго, а оризот ја впил водата.
Лукчето ситно го сечкаме и го пропржуваме кратко на маслото исцедено од конзервата со туна. Ја ставаме и туната и неа ја упржуваме околу 5-8 минути.
Ги ставаме пелатите домати и додека се вари целата смеса на тивко, промешуваме и со вилушка ги цепкаме доматите.
Ги сечкаме маслинките и зачинуваме по вкус со пласираните зачини. Водата од пелатите треба да изврие, се разбира не сосема, ама да се добие еден густ сос.
Сервирајте и уживајте во ова лесно и посно јадење!
Лиценца: Сите права се задржани