Ако не можам да појдам до Тајланд, можам дел од нивната кујна да си донесам во мојата, а со тоа да ви претставам и на вас, драги мои. Е па повелете слаткотија од Банкок.

1. Бисквитите, кикириките и индиските ореви фино сомелете ги во сечко или на машина за мелење ореви. Додате го путерот во сечкото и соединете ја смесата. Расплескајте во тавче, соодветен тањир или слично, во кој ќе ставите најлонска фолија, за подобро да се преврти откако ќе се излади во фрижидер. Јас ја користев делимано округлата силиконска тава, која ја намачкав со путер и потоа со леснотија излезе првиот дел од питата.
2. Оризот сварете го па додајте му половина од вкупната количина на млеко и кокосово млеко. Другата половина од млекото ја ставаме да се загрее заедно со шеќерот, а желатинот го раствораме во вода (околу 50-60 мл). Го додаваме желатинот во млекото, промешуваме и оваа смеса ја мешаме со оризот, на загреана рингла додека да се соединат состојките. Во еден тањир ставаме најлонска фолија и ја истураме смесата со оризот. Ладиме во фрижидер најмалку 2 часа.
3. Јаболката ги лупиме и сечеме на коцки. Заедно со шеќерот и малку масло ги пржиме со брзо мешање, најдобро е во вок тава, ако имате. Лиметата ја цедиме и рендаме и со сокот и кората ги прелеваме јаболката откако ќе се испржат. Убаво ги ладиме.
4. Редиме, прво кората со бисквитите ја превртуваме на тањирот за сервирање, потоа филот со оризот и на крај јаболката. Врз јаболката посипуваме кокосово брашно, сечкани кикирики и фстаци, може и кора од лимета.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани