Мелените ореви, лешници и чоколадо се ставаат во поголем сад и се мешаат па им се додава шеќерот, гризот и бисквидите. Урмите се сецкаат и заедно со оревите се мешаат во посебен сад.
Се зема 1 кора и се попрскува со зејтин, па над неа се реди втора кора и таа се попрскува и на третата кора се распоредува околу 4 лажици од првиот фил а на почетокот на кората се става ред од урмите со ореви. Убаво се свиткува ролна и истото се повторува со сите кори.
Од како ќе се свиткаат корите баклавата се сече по желба и се полева со 250гр растопен топол маргарин, па се става на печење додека убаво не се испече. Во зависност од шпоретот јас ја печам околу 20мин на 200 и 30мин на 170

За шербетот-се става шеќерот да врие со водата околу 5-7 мин,  па му се додава и лимонот и се остава да се олади. Баклавата се ваѓа од рерна и се полева со оладениот шербет
Пријатен апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови