Баклава со кокос, јогурт и јајца
За почеток на оваа прекрасна баклава е потребно да го подготвиме филот кој е главен дел од баклавата.
Кршиме јајца и ги матиме пенесто. Кога смесата ќе се зголеми, се додава јогуртот и кокосот. Матиме пополека , додавајќи го афионот, пецивото и ванилата.Филот е подготвен.
Го намрсуваме тавчето во кое ќе ја редиме баклавата. Ја редиме првата кора, па попрскуваме малку масло. Ја додаваме втората кора, па попрскуваме од филот.
(Значи, да се разбереме...Како подлога на баклавата се две кори од доле на тавата.)
Потоа продолжуваме со редење. Повторно редиме кора и попрскуваме со масло, па пак кора, па фил. Редоследот е тој се до последните две кори, кои како и на почетокот, ќе се наредат кора, масло, кора.
На страна во мал сад мешаме една лажица масло и и вода една лажица колку да ја премачкаме баклавата, на површината.
Ја сечеме баклавата на коцки па потоа ја преполовуваме во вид на тријаголничиња.
Ја печеме додека не зарумени.
Дојде ред и на шербетот.
Во длабок сад на тивок оган ги промешуваме шеќерот и водата.
Оставаме да вријат убаво околу десет минутки. Го тргаме садот на страна да постои уште 5 минутки да престане да врие клуч* со би рекла баба ми. Додаваме сок од еден исцеден лимон.
Откако баклавата е печена и изладена убаво, попрскуваме една ванила.
Полека со кутлачка преливаме од шербетот на секаде. Така попарената баклава ја оставаме да отстои, да прими убаво шербетот. Јас обично ја правам еден ден однапред, за да упие убаво шербетот.
Епа на здравје пријателки
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
До сега немам сретнато баклава со кокос,но кокосот многу го сакам,па верувам дека би ми се допаднала многу!
Баклавите се секогаш добитна комбинација,прави евергрини.
И јас како Аница,најверојатно ќе ја имам на мојата Велигденска трпеза!