Баклавата ја сакам многу, вишните пак уште повеќе, па се што е со вишни ми е убаво. Ова е еден од моите рецепти за баклава, кој на љубителите на вишни и афион ќе им се допадне.

Подготовка
1. Прво се прави шербетот бидејќи треба изладен да се полее врз жешката баклава. Шербетот врие 5 минути и се трга да се излади.
2. Јајцата се матат пенесто со шеќерот, се додава јогуртот, маслото, афионот и пецивото, смесата се изедначува со матење.
3. Тепсијата во која ќе се редат корите се намастува со масло. Се ставаат 2 кори, на втората нанесува подготвениот фил, се распоредуваат вишните (по желба исечкани или цели), и постапката се повторува со сите кори. Се завршува со кора која се премачкува само со малку масло, се сечи внимателно на коцки бидејќи при сечењето ќе излегува малку од филот.
4. Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути. Се вади од рерната и со нож пак се повторува сечењето на коцките. Се потура со изладениот шербет.
Се сервира по неколку часа штом се впие шербетот.

Забелешка
Јас користев замрзнати вишни без коски кои лесно ги исечкав на помали парчиња.
Ако не сакате не мора да ставате афион. Корите што ги користам се многу танки, такашто во пакувањето секогаш има 17-18 кори, па и покрај тоа имав доволно фил за премачкување. За празнициве кои идат, ова е убав десерт за оние што се љубители на веќе споменатите состојки. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани